• четврток, 19 декември 2024

Фидес поднесе резолуција против почетокот на преговорите за пристапување на Украина

Фидес поднесе резолуција против почетокот на преговорите за пристапување на Украина

Будимпешта, 6 декември 2023 (МИА)  - Владејачката унгарска партија Фидес поднесе резолуција до Парламентот со која ја повикува владата да не го поддржува почетокот на преговорите за пристапување на Украина во ЕУ.

Потезите доаѓаат откако унгарскиот премиер Виктор Орбан го засили притисокот врз Брисел пред клучниот самит на ЕУ следната недела на кој ќе се разговара за ова прашање.

Неговата владејачка партија во документот наведува дека почетокот на пристапните преговори со Украина треба да се заснова на консензус меѓу земјите-членки и дека „денес нема услови за тоа“.

Министерот за надворешни работи Петер Сијарто претходно на Фејсбук објави дека ставот на Унгарија за почеток на преговорите за нејзино пристапување во ЕУ е внимателно разгледан и основан, „без намера да уценува, а камоли да игра игри“, пренесува МТИ.

„Унгарскиот народ, Парламентот и Владата сè уште не гледаат никакви предности за почеток на преговорите за пристапување на Украина. Бидејќи земјата е 'многу далеку' од тоа да биде подготвена за такви разговори, стратешкото партнерство би било многу посоодветно“, наведе Сијарто во соопштение. паг/

 

 

Остани поврзан