• четврток, 19 декември 2024

Фиат крајслер и Вејмо склучија договор за развој на автономни комбиња

Фиат крајслер и Вејмо склучија договор за развој на автономни комбиња
Вашингтон, 22 јули 2020 (МИА) - Фиат крајслер автомобили (ФКА) и Вејмо, која е во сопственост на Алфабет, денеска потпишаа ексклузивен договор за заеднички развој на лесни комерцијални автономни возила, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Соработката предвидува ангажман за интеграција на автономната технологија Вејмо драјвер кај фургоните рам промастер произведени од ФКА. Покрај тоа, ФКА ќе ги произведува овие комбиња за курирската служба Вејмо виа. Партнерството меѓу ФКА и Вејмо е уште еден удар врз компанијата Аурора, со која ФКА соработуваше околу автономни технологии од почетокот на 2019 година. На американската компанија, која е под контрола на Амазон и Секоја, веќе по вторпат ѝ е откажана соработка на ова поле. Лани и Фолксваген прекина соработка со Аурора, а во корист на нејзиниот конкурент Арго АИ. Компаниите ФКА и Вејмо всушност соработуваат од 2016 година. Компанијата во сопственост на Алфабет соработува и со други производители како Волво, Нисан, Рено и Јагуар. Притоа, ФКА и Волво Вејмо се партнери за создавање автономни автомобили од четврто ниво. кб/

Остани поврзан