• петок, 05 декември 2025

Фестивал на традиционална храна „Лапа фест“ во село Градец

Фестивал на традиционална храна „Лапа фест“ во село Градец

Скопје, 28 септември 2025 (МИА) - Фестивал на традиционална храна со наслов „Лапа фест“ се одржува денеска во село Градец.

Како што информираат организаторите на настанот, станува збор за уникатна манифестација посветена на зачувување и промоција на македонската културна и гастрономска традиција.

- „Лапа фест“ е повеќе од фестивал на храната - тоа е завет за иднината, промоција на културата и народните обичаи и можност да го зачуваме симболот, идентитетот и духот на нашиот народ. Ако имате народна носија, сега е времето да ја облечете и да блеснете заедно со нашата традиција, се додава во соопштението на организаторите. бд/аа/

Фото: Соопштение

Остани поврзан