• понеделник, 28 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Фестивал на ракијата најавија од здружението ,,Македонски ракијари"

Фестивал на ракијата најавија од  здружението ,,Македонски ракијари

Кавадарци, 14 април 2025 (МИА) - Меѓународен фестивал на ракијата, најавија вечерва од здружението ,,Ж'та-Македонски ракијари". Оттаму упатија јавен повик за доставување на мостри ракии произведени од регистрирани мали дестилерии и индивидуални производители, за дегустација и оценување, до 11 мај. 

- Ние како здружение на  производители и мали дестилерии за јаки алкохолни пијалаци, го организираме фестивалот по трет пат, заедно со Вински музеј за регион Тиквеш во Кавадарци, под покровителство на градоначалникот и локалната самоуправа, појаснија организаторите на настанот, што ќе се одржи на 21 јуни. 

Ќе се оценуваат лозова жолта до три години и постара, лозова бела и мастика, овошни ракии од слива, диња, кајсија и крушка, ликери, други специјални ракии. За повеќе од седум пристигнати мостри на одреден вид ракија, ќе се формира и посебна категорија за оценување. 

Организаторот најави и награди, информирајќи дека оценувањето ќе го врши единаесетчлена комисија на сертифицирани оценувачи од земјава, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Индија. свд/дма/


Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан