Фестивал и натпревар на народни и класични инструменти „Инструментите на моите предци“
- Детскиот културен центар - „Карпош“, Скопје трета година по ред од 28 - 30 мај го организира фестивалот и натпревар на народни и класични инструменти „Инструментите на моите предци“, што се
Скопје, 28 мај 2021 (МИА) - Детскиот културен центар - „Карпош“, Скопје трета година по ред од 28 - 30 мај го организира фестивалот и натпревар на народни и класични инструменти „Инструментите на моите предци“, што се одржува под покровителство на Град Скопје.
-Фолклорната култура е човечки израз за да се опише начинот на живот на едно општество, бидејќи целта на народната песна е да ги опише човечките искуства, знаењето на духовното и материјалното наследство, кое е неизоставен дел од развојот на децата, кои се развиваат и усовршуваат наоѓајќи сопствен изворен уметнички јазик. На уникатен и единствен начин се запознаваме со етно приказните на различни култури, како и запознавање со сличностите и различностите на инструментите и нивните звуци во натпреварувачкиот дел, вели директорката Билјана Лалчевска Серафимовска.
Преку звукот на народните инструменти, додава таа, патуваме во различни предели и региони и ги раскажуваме овие приказни кои зборуваат за минатото, во сегашноста и ја градат иднината поставувајќи нови темели за збогатување на културното наследство. сст/дма/