• недела, 22 декември 2024

Фестивал за јапонска култура на 1 јуни во МКЦ

Фестивал за јапонска култура на 1 јуни во МКЦ

Скопје, 21 март 2024 (МИА) - Во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје на 1 јуни ќе се одржи третото издание на фестивалот за јапонска култура што го носи новото име „Сакура фестивал“, објави „Јапан@мк“ - единствената организација која се занимава со промовирање на јапонска култура во земјава.

Слоганот на фестивалот за оваа година е „Расцути ја иднината“ фрлајќи светло на нашата лична одговорност и ангажираност за тоа каква иднина ќе доживееме како како заедница.

Од „Јапан@мк“ најавуваат тема која ќе се занимава со природата и одржливоста, односно како да научиме од таа далечна источна култура да ја почитуваме и да живееме во склад со природата градејќи си подобра иднина, а како што велат, ќе може да се проба и јапонска храна и да се набават сувенири.

Најавуваат богата програма опфаќајќи уметнички изложби, настапи и перформанси, панел дискусии, мода, презентации, боречки вештини, гејминг и многу забава.бт/лв/

Фото: плакат

 

Остани поврзан