• сабота, 23 ноември 2024

Фестивалот „Денови на комедија“ по 26-ти пат во Куманово

Фестивалот „Денови на комедија“ по 26-ти пат во Куманово

Куманово, 14 септември 2023 (МИА) - Овогодишниот лауреат на фестивалот „Денови на комедија“ е Коле Ангеловски, соопштија на денешната прес-конференција надлежните од Националната установа центар за култура „Трајко Прокопиев“, Куманово.

- Огромна е честа што на 26-тите фестивалски денови, лауреат е Коле Ангеловски, човекот кој ја започна идејата за овој фестивал, кој активно е вклучен во процесот на развивање на фестивалот, за што сме му благодарни, изјави директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски.

Ангеловски во изјавата за медиумите кажа дека задоволство е што кумановци уживале во неговите претстави, дел ги играле кумановските актери, дел биле играни од театрите од државата.

- Да си продолжи овој фестивал да ги исполнува луѓето со смеа, изјави Ангеловски.

Актерите, членови на советот на фестивалот, Александра Пешевска, Благоја Чоревски и Ивица Димитријевиќ на денешната прес-конференција ја истакнаа досегашната соработка со Ангеловски, укажувајќи на анегдотите при подготовка на претставите.

Овогодинешното отворање е закажано за среда, 27 септември, каде ќе настапат театрите од Штип, Велес, Тетово, Куманово, Драмски театар, Театар Комедија, српските театри од Пирот и Лесковац, театарот од Ловеч, Бугарија, како и театарот од Винковци, Хрватска.

На доделувањето на наградите последната вечер, вон конкуренција ќе игра претставата „Обвинителка“.

Билети за настанот ќе може да се набават на билетарата во центарот за култура во Куманово.ам/ра/

Фото: МИА

Остани поврзан