• понеделник, 21 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Фенербахче ќе се раздели со Един Џеко за да ослободи буџет за Томас Милер 

Фенербахче ќе се раздели со Един Џеко за да ослободи буџет за Томас Милер 

Истанбул, 15 април 2025 (МИА) - Турскиот фудбалски гигант Фенербахче (Истанбул) на лето ќе се раздели со босанскиот стрелец Един Џеко, чиј договор истекува во јуни. Според весникот „Акшам“, Фенербахче ќе се откаже од Џеко бидејќи планира да ја ангажира легендата на Баерн Минхен, Томас Милер.

Така буџетот на „фенерџиите“ ќе биде ограничен до одреден степен и тие претпочитаат да му дадат повеќе пари на Милер кој ги напушта Баварците. Сопственикот на турскиот тим, Али Коч ги уверил членовите на управата дека понудата за германскиот офанзивен играч за врска нема да зависи од тоа дали ќе станат шампиони или не.

Фенербахче, предводен од португалскиот стручњак Жозе Мурињо, моментално е на второто место во поредокот со 71 бод, 3 помалку од лидерот и бранител на титулата Галатасарај. Заостатокот беше дури 6 поени, но беше преполовен во поразот на Галатасарај од Бешикташ со 1:2 пред две недели.

Босански спортски медиуми денеска пишуваат дека Фиорентина е најверојатната следна дестинација за Един Џеко, иако за напаѓачот постои заинтересираност и од други европски клубови.

Иако има 39 години, еден од најуспешните босански фудбалери на сите времиња има вкупно 92 натпревари на кои за „фенерџиите“ има постигнато 44 гола и 17 асистенции. На стадионот „Улкер Арена“ пристигна во 2023 година, откако претходно две сезони играше за Интер. Неговата богата кариера опфаќа клубови како Манчестер Сити и Волфсбург. дс

Фото: Архива

Остани поврзан