Фенербахче подготвен да плати 35 милиони евра за Нкунку
- Турскиот прволигаш Фенербахче е заинтересиран за напаѓачот на Милан, Кристофер Нкунку, објави новинарот Екрем Конур.
Истанбул, 29 декември 2025 (МИА) – Турскиот прволигаш Фенербахче е заинтересиран за напаѓачот на Милан, Кристофер Нкунку, објави новинарот Екрем Конур.
Според истиот извор, турскиот клуб е заинтересиран да го донесе 28-годишниот Французин на позајмица или да понуди меѓу 30 и 35 милиони евра за неговите услуги.
Нкунку е во Милан од летото оваа година и има договор со италијанскиот клуб до крајот на јуни 2030 година.
Оваа сезона, напаѓачот има 15 настапи во сите натпреварувања, на кои постигна три голови, а додаде две асистенции.ег
ФОТО: ЕПА