• петок, 22 ноември 2024

Фенербахче не му понуди на Обрадовиќ продолжување на договорот

Фенербахче не му понуди на Обрадовиќ продолжување на договорот
Истанбул, 22 април 2020 (МИА) – Раководството на турскиот кошаркарски клуб Фенербахче нема разговарано со тренерот Жељко Обрадовиќ за продолжување на договорот, објави Емилијано Кaрчија од „Спортaндо“. Претходно се појавија шпекулации дека турскиот клуб му понудил на Обрадовиќ да го продолжи договорот со намалување на платата за 50%. Обрадовиќ е предводник на Фенербахче од 2013 година. Во 2017 година, тимот од Истанбул под негово водство ја освои Евролигата. зс/

Остани поврзан