Фелер ја напушта германската репрезентација по ЕВРО 2028
- Руди Фелер ќе се повлече од функцијата спортски директор на германската фудбалска репрезентација откако ќе му истече тековниот договор на крајот од Евро 2028, објави денеска агенцијата ДПА.
Минхен, 28 септември 2025 (МИА) – Руди Фелер ќе се повлече од функцијата спортски директор на германската фудбалска репрезентација откако ќе му истече тековниот договор на крајот од Евро 2028, објави денеска агенцијата ДПА.
Фелер застана на чело на германскиот национален тим по елиминацијата во групната фаза на Светското првенство 2022 во Катар.
„Двапати го обновував договорот, но ќе се повлечам по летото 2028 година“, изјави Фелер.
Легендарниот Фелер го освои Светското првенство како фудбалер во 1990 година, по што беше селектор на Германија на Мундијалот во 2002 година, кој заврши со пораз од 2-0 од Бразил во финалето.
„Можеме да бидеме среќни што Јулијан Нагелсман е наш тренер. Неговото назначување на селекторската клупа беше најдоброто нешто што го направив за федерацијата во последните години“, додаде Фелер. ег
ФОТО: ЕПА