• среда, 08 мај 2024

Феенорд по пауза од шест години стана шампион на Холандија

Феенорд по пауза од шест години стана шампион на Холандија

Ротердам, 14 мај 2023 (МИА) - Екипата на Феенорд на две кола пред крајот на првенството стана шампион на Холандија.

 

Во натпреварот од 32. коло Феенорд денес го победи Го Ахед Иглс со резултат 3:0. На две кола пред крајот на првенството, тимот предводен од Арне Слот има недостижни осум бодови предност во однос на ПСВ.

 

Феенорд стана национален шампион по 16-ти пат во историјата. Последен пат тимот го освои шампионатот во сезоната 2016/17. 

 

Од сезоната 2018/19, Ајакс постојано го освојуваше холандското првенство - со исклучок на сезоната 2019/20, која беше прекината поради пандемијата на коронавирус. зс/

 

Фото: Твитер

Остани поврзан