• петок, 22 ноември 2024

Фајон во посета на Киев

Фајон во посета на Киев
Љубљана, 27 јули 2022 (МИА) - Шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон денеска допатува во Киев. - Во Киев сум за да ја изразам политичката и практична поддршка на Словенија за Украина и нејзиниот храбар народ, напиша Фајон на Твитер. Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека Фајон ќе достави помош од Словенија за Украина, а исто така ќе се информира и за каков вид помош и е потребна на Украина во иднина. Предвидено е Фајон денеска да се сретне со украинскиот колега Дмитро Кулеба. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан