• сабота, 21 декември 2024

Фаучи: Се надевам дека ФДА наскоро трајно ќе ги одобри вакцините против Ковид-19

Фаучи: Се надевам дека ФДА наскоро трајно ќе ги одобри вакцините против Ковид-19
Вашингтон, 9 авгуист 2021 (МИА) - Главниот експерт за заразни болести на американската Влада, д -р Ентони Фаучи најави дека до крајот на месецот, американската Администрација за храна и лекови (ФДА) ќе издаде конечно, трајно одобрување за вакцини против коронавирусот. Фаучи истакна дека таквиот потег може да го охрабри голем број граѓани да се вакцинираат, особено во училиштата и универзитетите. ФДА одобри вакцини од Фајзер, Модерна и Џонсон и Џонсон само за итна употреба, но се очекува овие препарати наскоро да добијат постојана лиценца. Администрацијата на Бајден изјави дека вакцинацијата не е задолжителна освен вработените во федералните институции, но Белата куќа упати апел до федералните и локалните власти, како и компаниите, да размислат за донесување слични одлуки. Д-р Фаучи, кој е главен медицински советник на претседателот Бајден, рече дека „мора да се преземат чекори на локално ниво“ за да се спречи понатамошното ширење на вирусот. - Се надевам, не предвидувам, само се надевам дека тоа ќе се случи во следните неколку недели и се надевам дека ќе биде во август, посочи Фаучи, зборувајќи за трајното одобрување на вакцините од ФДА. ми/  

Остани поврзан