• сабота, 23 ноември 2024

Фаучи: Омикрон поради високата заразност може да ги оптовари болниците

Фаучи: Омикрон поради високата заразност може да ги оптовари болниците
Вашингтон, 2 јануари 2022 (МИА) - Главниот специјалист за инфективни болести на САД, Ентони Фаучи денеска предупреди дека се уште постои опасност од зголемен број на хоспитализации поради високата заразност на омикрон, иако првичните податоци покажуваат дека оваа варијанта на коронавирусот е помалку опасна. - Единствениот проблем е што ако имате толку многу случаи на инфекција, дури и ако стапката на хоспитализација е помала кај омикрон отколку кај делта, сепак постои опасност да има голем пораст на хоспитализации, што може да го оптовари здравствениот систем, истакна Фаучи во интервју за Си-Ен-Ен. Се проценува дека омикрон варијантата на коронавирусот е одговорна за 58,6 проценти од инфекциите со Ковид-19 во САД според податоците од 25 декември, соопшти американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). - Сигурно ќе има многу повеќе случаи на инфекција, бидејќи омикрон е многу позаразен вирус од делта, рече Фаучи. Според него, „се чини дека (омикрон) би можел да биде помалку опасен, имајќи ги предвид податоците што ги собравме од Јужна Африка, Велика Британија, па дури и некои прелиминарни податоци овде во САД“. гт/

Остани поврзан