• сабота, 21 декември 2024

Фаучи го обвини сенаторот Пол за ширење дезинформации

Фаучи го обвини сенаторот Пол за ширење дезинформации
Вашингтон, 12 јануари 2022 (МИА) - Водечкиот американски експерт за заразни болести Ентони Фаучи го обвини републиканскиот сенатор Ренд Пол за ширење дезинформации што предизвикале закани за насилство врз него и неговото семејство, истовремено одвлекувајќи го внимание на јавноста од борбата против пандемијата со Ковид-19. На сослушувањето на здравствената комисија во Сенатот, Фаучи истакна дека Пол, сенатор од Кентаки и поддржувач на поранешниот претседател Доналд Трамп, бил фокусиран на ширење дезинформации, а не на надзор насочен кон решавање на здравствената криза, во која починаа повеќе од 800.000 луѓе во САД. На веб-страницата на Пол беа изнесени обвинувања за Фаучи дека „игнорира добри совети и лаже за се, од маски до заразноста на вирусот“. Сенаторот Пол, исто така, го обвини Фаучи дека клеветел други научници кои не се согласуваат со него. Фаучи наведе дека Пол ја искривува вистината, обвинувајќи го за лични напади кон него. - Тој тоа го прави од политички причини. Го одвлекува вниманието од она што сите ние се обидуваме да го направиме овде денес, а тоа е да ја смириме пандемијата со која се бориме, а не нешто имагинарно, посочи Фаучи. ми/

Тагови

Остани поврзан