• недела, 22 декември 2024

У19: Македонските фудбалерки изборија пласман во елитната А дивизијата

У19: Македонските фудбалерки изборија пласман во елитната А дивизијата

 

Орхеи, 9 април 2024 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години обезбеди пласман во елитната А дивизија во Лигата на нации на УЕФА, откако попладнево во решавачкиот натпревар за првото место во квалификациите триумфираше над Велс со 2-1.

Катерина Петкова (2 минута) и Веса Села (50 минута) ги постигнаа головите за македонската репрезентација која со максимални три победи го освои првото место на квалификацискиот турнир во Молдавија и обезбеди место во квалификациите во Лига А за Европското првенство.

Избраничките на селекторот Астрит Мерко во воведното коло го совладаа домаќинот Молдавија со 4-0, а во второто беа поуспешни од Литванија со 2-0.

Извлекувањето на противниците за септемвриските квалификации за пласман на Европско првенство, македонската репрезентација ќе ги добие од Лига А.ег ФОТО: ФФМ

Остани поврзан