• понеделник, 23 декември 2024

У19: Македонските фудбалери поразени од Србија на стартот од евроквалификациите

У19: Македонските фудбалери поразени од Србија на стартот од евроквалификациите
Елбасан, 10 ноември 2021 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 19 со пораз ги почна квалификациите за пласман на Европското првенство, откако загуби попладнево од Србија со 2-1 (0-0). На стадионот во Елбасан, во првиот дел двете репрезентации пропуштија по неколку добри шанси за гол. Србија многу подобро го отвори вториот дел, што резултираше со два гола на Ајдар во 56. минута и 65. минута од мечот, и со тоа да донесе убедливо водство за својата селекција. Во 78. минута Фета успеа само да го намали резултатот и да ги постави конечните 2-1. Противник на избраниците на селекторот Дашмир Беари во второто коло на квалификацискиот турнир во Албанија за пласман во Елитната фазаќе биде Франција, на 13 ноември. ег/мс/

Остани поврзан