• сабота, 21 декември 2024

У17: Македонските фудбалери поразени од Исланд на стартот од евроквалификациите

У17: Македонските фудбалери поразени од Исланд на стартот од евроквалификациите

 

Рејкјавик, 30 октомври 2024 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 17 години загуби вечерва во Рејкјавик од Исланд со 4-1 (2-0) во воведниот натпревар во квалификациите за пласман на Европското првенство 2025.

Избраниците на селекторот Раде Каранфиловски веќе по првото полувреме беа во два гола негатива во дуелот со домаќинот на квалификациската група 12, откако Севарсон му донесе водство на Исланд во 30 минута, а шест минути подоцна Олсен биеше прецизно за 2-0.

Кристијансон го зголеми водството на домаќините во 62 минута, а убедлива предност за Исланд донесе Дадасон (70).

На спротивната страна, Грашевски не успеа да реализира од пенал во 74 минута, додека почесниот гол за Македонија го постигна Марковски во судиското продолжение.

Противник на македонската репрезентација во 2. коло, во вторник, ќе биде Шпанија која денеска триумфираше убедливо над Естонија со 4-0.

Домаќин на Европското првенство 2025 ќе биде Албанија, а квалификациите од оваа сезона се играат во нов формат.

Двете првопласирани репрезентации од сите 14 групи напролет ќе ги продолжат квалификациите за пласман на завршниот турнир, што ќе се игра од 16 мај до 1 јуни, додека трето и четвртопласираните селекции ќе играат во новоформираната Б дивизија. ег

ФОТО: ФФМ

Остани поврзан