• сабота, 23 ноември 2024

УЈП: Финансиска поддршка за исплата на плати за април им е одобрена на 16.546 компании за 103.307 вработени

УЈП: Финансиска поддршка за исплата на плати за април им е одобрена на 16.546 компании за 103.307 вработени
Скопје, 16 мај 2020 (МИА) - Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека финансиска поддршка за исплата на плати за месец април 2020 година им е одобрена на вкупно 16.546 компании за 103.307 вработени. Како што информира Секторот за односи со јавност на УЈП, вкупниот износ на досега одобрената финансиска поддршка изнесува 1.447.278.909 денари. - Даночните службеници кои работат викендов прават конечна обработка на МПИН пресметките во кои се содржани останатите барања за финансиска поддршка, за коишто в понеделник УЈП ќе го извести Генералниот секретаријат на Владата на РСМ за спроведување на исплатата, се додава во соопштението на Управата за јавни приходи. сп/ 

Остани поврзан