УЈП: Поднесете ги ДДВ–04 пријавите навреме, избегнете стрес и дополнителни трошоци
- Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители и навремено да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за изминатиот даночен период. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е 25 ноември 2024 година (понеделник).
Скопје, 19 ноември 2024 (МИА) - Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители и навремено да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за изминатиот даночен период. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е 25 ноември 2024 година (понеделник).
-Досега, поднесени се само 615 ДДВ пријави од очекуваните 7.399, што претставува само 8,31% од вкупниот број на даночни обврзници. Ова покажува дека значителен број на обврзници сè уште не ја исполниле својата законска обврска, информираат од УЈП.
Управата за јавни приходи апелира до сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски навремено, за да избегнат казни и дополнителни финансиски трошоци.
Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата, велат, е од исклучителна важност за правилното усогласување со даночните прописи, одржување на финансиската стабилност на бизнисите и за развојот на економијата. сст/нд/
фото МИА архива