• понеделник, 23 декември 2024

Учесниците на Третата НАТО-академија на средба со претседателот Пендаровски

Учесниците на Третата НАТО-академија на средба со претседателот Пендаровски
Скопје, 27 мај 2022 (МИА) - Евроатлантскиот совет на Северна Македонија ја организира Третата НАТО-академија 2022, годинава на тема „Стабилни партнерства во неизвесни времиња – Северна Македонија во НАТО“. Академијата денеска беше официјално отворена со посетата на над 30 млади учесници на Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски. -Претседателот Пендаровски ги запозна учесниците на академијата со неговите ингеренции, а на средбата се разговараше и за одбраната, безбедноста и за надворешната политика во контекст на нашите европски интеграции. Претседателот се осврна на руската инвазија врз Украина и на безбедноста на евроатлантскиот регион, реафирмирајќи ја поддршката на Република Северна Македонија за Украина.Според претседателот Пендаровски сојузништвото во НАТО ни овозможува размена на информации и комуникации за современите безбедносни закани, како и навремено реагирање и подготовки за справување со безбедносните предизвици, соопшти Евроатлантскиот совет на Северна Македонија. Учесниците на Третата НАТО-академија за време на посетата на Кабинетот присуствуваа и во просториите во коишто се одржуваат официјалните и работните средби, како и во салите за свечености, состаноци, настани и прес-конференции. Од вработените беа запознати и со историјатот на објектот во кој е сместен Кабинетот и со начинот на неговото функционирање. -Главна цел на Третата НАТО-академија е преку едукација да се засилат реформите и правната рамка во областа на безбедноста и одбраната на долг рок, како и да се креира платформа за едукација, дебата и дискусија, се наведува во соопштението. хс/дма/

Остани поврзан