• петок, 05 декември 2025

Ученичкиот дом од Куманово подготвен за прием на ученици

Ученичкиот дом од Куманово подготвен за прием на ученици

Куманово, 14 август 2025 (МИА) - Има интерес за запишување на ученици во ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“, соопштија денеска надлежните од интернатот. Во моментот, иако, не тече конкурсот има заинтересирани кои ја обновуваат потребната документација за упис во домот.

-Во првиот уписен рок запишавме само 12 ученици, но имаме и ученици со некомплетирани документи. Вториот уписен рок официјално почнува од 15 август. Очекуваме учениците да ги обноват и да се запишат. Генерално се збалежува изминативе години намален број на ученици. Конечната бројка би ја имале некаде септември, иако според конкурсот огласот е отворен цела година до пополнување на капацитетот на ученичкиот дом, изјави директорката на домот, Љубица Павловски.

Во Ученичкиот дом пред неколку години целосно е реновирана внатрешноста, врати, прозорци, соби, тоалети и надворешноста. Од неодамна, домот се затоплува на гас.

-Имаат три свежи оброци кои секојдневно се приготвуваат, пинг-понг сала, библиотека, интернет, компјутери, се што е неопходно млад човек да функционира, изјави Павловски.

Во домот најмногу ученици има од другите градови од североисточниот регион и од селата од Куманово. ам/вј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан