• четврток, 13 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ученици од хрватскиот град Крижевци на бесплатно зимување на Пониква

Ученици од хрватскиот град Крижевци на бесплатно зимување на Пониква

Кочани, 24 февруари 2025 (МИА) – Ученици од ОУ „Људевит Модриц“ од хрватскиот град Крижевци пристигнаа на бесплатно зимување во рекреативниот центар Пониква на Осоговските Планини, како гости на Општина Кочани.

Престојот на учениците е во рамки на тридецениската соработка што ја имаат локалните самоуправи од двата збратимени града, при што им обезбедуваат дел од летниот и зимскиот распуст да го поминат на планина или на море.

Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов ги посети и им подели подароци на учениците кои се придружени од директорот на училиштето, Томислав Богдановиќ и наставничката Сузана Балиќ. Гостите се сместени во едно од одморалиштата и нагласија дека уживаат во македонското гостопримство, како и во снегот и убавините на Осоговските Планини.

Во наредните денови службите од Општина Кочани за нив ќе организираат повеќе забавни содржини и средби со врсници од Кочани.

Како дел од соработката воспоставена во средината на осумдесеттите години, градот Крижевци овозможува летување на островот Паг на хрватското приморје за учениците на генерацијата од осумте училишта од Кочани. та/дма/

фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан