• четврток, 18 јули 2024

Ученици од СУГС „Орце Николов“ во посета на Центарот за селекција на отпадот на ЈП Комунална  хигиена-Скопје

Ученици од СУГС „Орце Николов“ во посета на Центарот за селекција на отпадот на ЈП Комунална  хигиена-Скопје

Скопје, 21 март 2023 (МИА) - Четириесетина ученици од СУГС „Орце Николов“ денеска го одбележаа 21 Март - Денот на пролетта, со посета на Центарот за селекција на отпадот на ЈП Комунална  хигиена-Скопје, лоциран во општината Карпош.

На учениците,  како што информираат од ЈП Комунална  хигиена-Скопје, им беше објаснета функционалноста на Центарот во целост и беа едуцирани дека својот кабаст отпад и отпадот од електронска опрема не смеат да ги одлагаат ниту во контејнерите ниту на јавните површини, затоа што на тој начин ја загадуваат животната околина.-Денот на пролетта го одбележавме во Центарот за селекција на отпадот заедно со средношколците од  СУГС „Орце Николов“, кои  денеска научија колкаво е значењето на примарната селекција на комуналниот отпад и имаа можност да видат како се одвива процесот на машинско балирање на отпадот од стакло, хартија и пет-амбалажа. Воедно, ги информиравме овие млади луѓе дека ЈП Комунална  хигиена-Скопје им ја нуди  можноста својот стар мебел, како и отпадот од електричната и електронската опрема, сосема бесплатно да ги одложат во нашите центри за селекција на отпадотлоцирани во Карпош и во Вардариште, изјави в.д.директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева. дма/лв/

Фото: ЈП Комунална хигиена-Скопје

Остани поврзан