• понеделник, 23 декември 2024

Ученици од СУГСГ „Орце Николов“ наградени за најдобри состави на Саем на книга

Ученици од СУГСГ „Орце Николов“ наградени за најдобри состави на Саем на книга

Скопје, 5 мај 2023 (МИА) - Во рамки на програмата на тековното издание на Саемот на книга, двајца ученици од СУГСГ „Орце Николов“ од Скопје, Никола Михајловски и Бојана Цветковска, од страна на организаторите на Саемот на книга, беа наградени со благодарници за учество со најдобар состав на тема за негувањето и зачувувањето на мајчиниот јазик - „Душата зборува на македонски јазик“.

Ученици од СУГСГ „Орце Николов“ наградени за најдобри состави на Саем на книга  ФОТО/Саем на книга

Како што соопштија од Саемот, двајцата ученици во склоп на Промотивниот центар со присутните гости ги прочитаа своите состави, кои се олицетворение на ставот на младите и нивната желба да го зачуваат она кое им се остава во наследство од страна на постарите генерации, благодарение на поборниците за чувањето на македонскиот јазик, како Кочо Рацин, Блаже Конески, Петре М. Андреевски.

Ученици од СУГСГ „Орце Николов“ наградени за најдобри состави на Саем на книга ФОТО/Саем на книга

По повод 5 мај, Денот на македонскиот јазик, МАИ – Македонската Асоцијација на издавачи, на Саем на книга денеска и традиционално ги врачи годинешните награди на најдобрите автори и издавачи, кои во изминатиот период имаат дадено значаен придонес преку моќта на пишаниот збор. Еден од наградените е и академик Влада Урошевиќ.

Годинешното 35. издание на Саем на книга трае до 10-ти мај во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. бт/цр

Остани поврзан