• вторник, 03 февруари 2026

Утре слаби врнежи од дожд во пониските места, снег на планините

Утре слаби врнежи од дожд во пониските места, снег на планините

Скопје, 26 јануари 2026 (МИА) - Утре претпладне во источните делови од земјата се очекуваат слаби врнежи од дожд во пониските предели, дожд и снег на повисоките места, а на планините од снег. Попладне времето ќе се стабилизира.

Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, во среда кон крајот на денот, како и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, додека на планините ќе врне снег.

Од петок се очекува променливо облачно време со услови за појава на слаби локални врнежи од дожд и снег на одделни места. дма/вг/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан