• петок, 22 ноември 2024

Утре завршува 10. Филозофски филмски фестивал

Утре завршува 10. Филозофски филмски фестивал
Скопје, 30 мај 2020 (МИА) - Утре завршува 10. Филозофски филмски фестивал, кој од 21-ви мај се одржува под мотото „Идеи, светови“. Годинашното издание на Фестивалот се одвива онлајн поради ковид кризата.

Како што информираат од Филозофското друштво на Македонија, сите филмови, до 24 часот утре, може да се погледнат бесплатно во виртуелната кино сала на македонската VoD платформа Cinesquare:  [www.cinesquare.net/pff]www.cinesquare.net/pff .

-Вечерва во 20:00 часот ќе биде прикажан документарниот филм за „таткото на концептуализмот“ - Марсел Дишан. Филмот „МАРСЕЛ ДИШАН: УМЕТНОСТА НА ВОЗМОЖНОТО“ може да се погледне бесплатно на линкот: https://cinesquare.net/#/movie/1529/_marcel_duchamp_the_art_of_the_possible. Краток вовед за филмот и за значењето на уметноста на XX век на Дишан може да се погледне на видео-записот од професорот Кирил Трајчев: https://www.youtube.com/watch?v=CXhiC7TeKEA&feature=youtu.be&fbclid=IwAR0khw33l7gZGFsm9JdMQzioMFYnLKxJXp-O1qEo6jKZF3izZuHG807pbSg, информираат од Филозофското друштво на Македонија.

Фестивалот ќе биде затворен утречевер со онлајн концерт на Ема Попивода со ACOUSTIC ELECTRONICS, а ќе бидат прикажани победничките кратки филмови „Осло“ на Шејди Сроу - „Златен був“ за Најдобар краткометражен филм на ФФФ 2020 (https://cinesquare.net/#/movie/1510/_oslo)  и „Розево Ветување“ на Софи Линенбаум - Специјално признание „Стефан Сидовски - Сидо“ (https://cinesquare.net/#/movie/1504/_pinky_promise).

ФФФ Пролетните онлјан миграции“ се плод на солидарно партнерство меѓу Филозофскиот Филмски Фестивал (организиран од страна на Филозофското друштво на Македонија), Кинотеката на С. Македонија и македонската VoD платформа Cinesquare, со институционална поддршка на Град Скопје, како и неколку други поддржувачи, соработници, пријатели и вљубеници во филмот и филозофијата. дма/мч/

Остани поврзан