Утре без струја неколку улици во Центар
- Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општина Центар.
Скопје, 23 април 2023 (МИА) - Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општина Центар.
Од Регионалниот центар за управување со кризи Скопје информираат дека во период од 9:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат дел од улиците „Никола Тримпаре“, „Коста Шахов“, „Борка Талевски“ и „Ленинова“ во општина Центар. дма/мд/
Фото: МИА архива