• петок, 05 јули 2024

Утре без вода неколку улици во Општина Аеродром

Утре без вода неколку улици во Општина Аеродром
Скопје, 31 август 2022 (МИА) - Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека утре без вода ќе останат неколку улици во Општина Аеродром поради планирани три интервенции. Ќе се изведува водоводен приклучок ф-110 мм на „Стив Наумов“ 71, поради што прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Стив Наумов“ и дел од ул. „Пролет“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. Поради дефект на огрлица ф-80 мм на „Прашка“ 16, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.„Прашка“ и дел од ул.„Париска“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот. Како што стои во соопштението, поради дефект на затворач од Ф-80 мм на булевар „В.С.Бато“ 19 во населба Аеродром, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од бул.„В.С.Бато“ од бр.1 до бр.51, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот. цр/дма/

Остани поврзан