• вторник, 16 јули 2024

Утврден текстот на Предлог-законот за ратификација на Спогодбата за соработка и координација на потрагата и спасувањето во областа на воздухопловството

Утврден текстот на Предлог-законот за ратификација на Спогодбата за соработка и координација на потрагата и спасувањето во областа на воздухопловството

Скопје, 29 август 2023 (МИА) - Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлог-законот за ратификација на Спогодбата помеѓу Советот на министри на Босна и Херцеговина, Владата на Република Бугарија, Владата на Република Хрватска, Владата на Унгарија, Владата на Република Северна Македонија, Владата на Црна Гора, Владата на Република Србија, Владата на Словачката Република и Владата на Република Словенија, за соработка и координација на потрагата и спасувањето во областа на воздухопловството, потпишана на 22 февруари 2023 година, во Охрид.

Со Спогодбата, како што информираат од владината прес-служба, се утврдува рамка за соработка помеѓу страните потписнички во спроведувањето активности на потрага и спасување во цивилното воздухопловство и се пропишуваат нивните различни одговорности, со цел во целост да се придржуваат кон нивните обврски утврдени во стандардите и препорачаните практики на Меѓународната организација на цивилно воздухопловство - ICAO.
 
-Целта на Спогодбата е сите земји потписнички, согласно обврските утврдени во анекс на ICAO, да се обврзат на меѓусебна соработка во спроведувањето активности за потрага и спасување во воздухопловството. Исто така, оваа Спогодба треба да обезбеди правен основ за потпишување билатерални оперативни договори помеѓу службите за потрага и спасување на соседните земји, со цел подобрување на соработката, взаемна помош и порационално користење на расположливите ресурси за потрага и спасување, велат од Владата. вј/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан