• среда, 04 февруари 2026

Уставниот суд ќе дискутира и ќе одлучува по 11 иницијативи за закони, правилници и колективни договори

Уставниот суд ќе дискутира и ќе одлучува по 11 иницијативи за закони, правилници и колективни договори

Скопје, 28 јануари 2026 (МИА) - Уставниот суд на денешната седница ќе дискутира и одлучува по 11 иницијативи за оценување на уставност и законитост на акти, едно барање за заштита на слободи и права на граѓанин и усвојување една конечна одлука и девет нацрт-решенија. 

На дневен ред се оспорените одредби од Законот за општата управна постапка, Законот за пензиското и инвалидското осигурување, Законот за судовите, Законот за судскиот буџет, Законот за облигационите односи, како и повеќе правилници и колективни договори.

Судот ќе расправа и за иницијативи што се однесуваат на Законот за железничкиот систем, Законот за јавната чистота, како и за одлуката за донесување детален урбанистички план во општина Охрид.

Пред уставните судии ќе се најде и предметот по барање за заштита на слободите и правата на граѓаните вбо согласност со член 110 алинеја 3 од Уставот, поднесен од политичката партија Левица, која наведува дискриминација по основ на политичка припадност.

Подносители на иницијативите се физички лица, адвокати, правни субјекти и политички партии. дма/вг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан