• недела, 22 декември 2024

Успешни жени земјоделки во Кавадарци посетени од Тренчевска и Николовски 

Успешни жени земјоделки во Кавадарци посетени од Тренчевска и Николовски 

Кавадарци, 14 март 2024 (МИА) - Успешни жени земјоделки во Кавадарци, денеска беа посетени од министерот за земјоделство Љупчо Николовски и дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска.   

- Разговараме за резултатите што досега заедно ги имаме направено, но и што можеме повеќе да придонесеме за жената земјоделка. Жената земјоделка сите овие изминати години беше наш главен фокус во мерките и политиките што како министерство ги креиравме, а така посветено ќе продолжиме и во наредните години. Заедно постигнавме многу успешни резултати и заедно можеме да постигнеме уште повеќе резултати за жените земјоделки, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Николовски.

Тој потсети дека денеска во ЕРЗС системот има запишано 30.292 жени земјоделки.

- Оваа бројка ако ја споредиме со 2017 година, ќе видиме дека имаме зголемување од околу 9.000 нови жени земјоделки, кои посветено се занимаваат со земјоделство и произведуваат домашна македонска храна. Ова зголемување кај бројот на активните жени земјоделки не е случајчно. Тоа се должи благодарение на добрите мерки и политики, каде жената земјоделка е наш приоритет, а мерките се многубројни. Поддршка за рурална жена, млад земјоделец, поддршка на мал производител на храна и вино и мерката бизнис план во земјоделството, соопшти Николовски. 

Низ сите овие години, до сега, додаде тој,  преку овие мерки, се поддржани 1.700 жени земјоделки. 

Мерката за поддршка на руралната жена која ја креиравме за прв пат во 2017 година, до сега ја искористиле 320 жени земјоделки. Кај оваа мерка најпрвин започнавме со поддршка од 3.000 евра, а во 2022 година поддршката ја зголемиве од 3.000 на 6.000 евра.   

Резултатите од оваа мерка беа превкусни домашни трационални производи приготвени од вредните жени земјоделки, а токму тоа не мотивира да ја креираме новата програма за поддршка на малите производители на храна, програмата за поддршка на малите винарии и малите дестилерии, појасни министерот. 

Преку овие програми, рече, доделуваме грант до 10.000 евра, поддршка за набавка на опрема за произвдоство.

- И кај овие нови мерки имаме успешни примери на жени земјоделки. Вкупно 39 жени аплицирале и добиле грант за производство на храна од неживотинско и животинско потекло. Имаме успешни 25 мали винарии каде управители се токму жени земјоделки, кои аплицирале и добиле грант за поддршка на малите винарии, подвлече Николовски.  

Министерот информираше дека со новата мерка за поддршка на бизнис план во земјоделството, обезбедена е поддршка за оние земјоделци, чија основна дејност е токму земјоделството.

-Да можат сами да одлучат каква опрема и земјоделска механизација ќе набават. Да поготват бизнис план и со него да аплицираат за поддршка до 10.000 евра. Оваа нова мерка предизвика голем инетерес кај земјоделците, со вкупно 206 склучени договори, од кои 115 се токму жени земјоделки. Нашата поддршка не застанува само со овие мерки. На 625 жени земјоделки сме доделиле поддршка за набавка на трактор, 158 добиле поддршка за набавка на педигриран добиток, 111 добиле финансика поддршка за набавка на системи капка по капка, 12 добиле поддршка за набавка на комбајн за ориз, 7 добиле за комбајн за жито, 12 за набавка на силоси и 10 жени земјоделки поддршка за набавка на опрема за тутун, рече министерот Николовски.

Тој додаде дека вкупната поддршка од 2017 година до денеска, преку сите овие мерки кон жените земјоделки, изнесува 1,1 милијарди денари, кон 1.700 жени земјоделки.

-Заедно со министерката Тренчевска, водиме искрена грижа за зајканување на стаусот и правата на жената земјоделка. Во таа насока заедно работиме во креирање на системско решение за решавање на правото за породилно отсуство на жената земјоделка, рече Николовски. 

Во 2023 година креирана е посебна, нова програма за платено отсуство за мајчинство на жената земјоделка, со поддршка од 81.000 денари.

-Нашата грижа кон овие жени ја продолжуваме и оваа година, но со зголемена поддршка од 81.000 на 100.000 денари, за деветмесечен надоместок за мајчинство, истакна Николовски во Кавадарци.

Жените земјоделки во рамките на посетата изразија задоволство од поддршката што им се дава за развој на нивното производство. свд/ев/

ФОТО: МИА 

 

Остани поврзан