• сабота, 30 ноември 2024

Усик ќе заработи 114 милиони долари за реванш со Фјури

Усик ќе заработи 114 милиони долари за реванш со Фјури

Лондон, 30 ноември 2024 (МИА) - Објавени се хонорарите за втората борба меѓу Олександр Усик носителот на титулата во тешка категорија на верзиите ВБА, ВБО, ВБЦ и ИБО, и поранешниот шампион Тајсон Фјури.

Според „The ​​Sportster“, вкупната сума за реваншот ќе биде 190 милиони долари. Сумата ќе биде распределена во сооднос од 60% до 40% во корист на Усик. Така, Украинец може да смета на 114 милиони долари, Британецот на 76 долари.

Реваншот на Фјури против Усик ќе се одржи ноќта меѓу 21 и 22 декември 2024 година во Ријад (Саудиска Арабија). 

Првата борба се одржа во мај, украинскиот боксер победи со поделена одлука на судиите. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан