• среда, 20 ноември 2024

Усвоен Буџетот на Општина Берово за 2024 година

Усвоен Буџетот на Општина Берово за 2024 година

Берово, 20 декември 2023 (МИА) - Советот на Општина Берово го усвои Буџетот за 2024 година. За Буџетот за 2024 година кој е проектиран на сума од 372,9 милиони денари, гласаа 8 советници, додека 7 советници беа воздржани. Буџетот на Општина Берово, за 2024 година, содржи реализација на капитални проекти, инфраструктурни проекти, проекти од областа на спортот и културата, социјална заштита, туризам, локален економски развој, енергетска ефикасност, животна средина и противпожарна заштита.

-На 39-тата Седница на Совет на Општина Берово, денеска, како точка 8 на дневен ред беше точката Буџет на Општина Берово за 2024 , кој со 8 гласа ЗА и 7 воздржани советници е изгласан. Честитки за донесениот Буџет и се надевам дека сите планови кои се вметнати во програмите, ќе бидат реализирани, истакна Претседателот на Совет на Општина Берово, Марија Буровска.

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски посочи дека Буџетот за 2024 година на Општина Берово е изготвен, водејќи се од начелото на почитување на принципот на Буџетска дисциплина и транспарентност и според него истиот е развоен.

-Изгласувањето на Буџетот значи дека продолжуваме понатаму со реализација на сите предвидени активности по програмите за 2024 година и да ги остваруваме очекувањата на граѓаните, за подобрување на квалитетот на живот. Благодарност до советниците, на администрацијата, на невладиниот сектор и на сите чинители во процесот на креирање на Буџетот, за учеството во процесот на креирање на Буџетот и се надевам дека тој ќе ги исполни очекувањата на граѓаните, изјави Пекевски.

Од вкупните средства од над 6 милиони евра кои ќе ги има на располагање Општината, за тековно оперативни расходи ќе бидат наменети 311,3 милиони денари, додека 61,6 милиони денари се капитални расходи. Основниот Буџет на Општината изнесува 128.252.703 милиони денари. вс/сст/

фото МИА

Остани поврзан