• сабота, 21 декември 2024

Усвоена Националната програма „2021 - Година во чест на Блаже Конески”

Усвоена Националната програма „2021 - Година во чест на Блаже Конески”
Скопје, 9 февруари 2021 (МИА) - Владата на денешната 44-та седница ја разгледа и прифати Националната програма „2021 - Година во чест на Блаже Конески” и го задолжи Министерството за култура да ја координира реализацијата на оваа Националната програма, која оваа година е дел од календарот важни меѓународни јубилеи на УНЕСКО. На седницата, информираат од владината прес-служба, е донесен заклучок со кој и се укажува на Народна Банка во рок од пет дена до Владата да достави предлог одлука за изработка на пригодни ковани пари, по повод „2021 - Година во чест на Блаже Конески”. Министерствата за култура, за образование и наука и за надворешни работи се задолжени да ги реализираат активностите содржани во Националната програма кои се од нивна надлежност, а на останатите институции и установи вклучени во Националната програма „2021 - Година во чест на Блаже Конески” им се укажува навремено и квалитетно да ги реализираат содржините наведени во националната програма, согласно предвидената динамика и да ги финансираат во рамки на сопствените Буџети. вј/лв/

Остани поврзан