• понеделник, 25 ноември 2024

Уругваецот Ласарте нов селектор на Чиле

Уругваецот Ласарте нов селектор на Чиле
  Сантијаго, 11 февруари 2021 (МИА) – Фудбалската федерација на Чиле го назначи денеска уругвајскиот тренер Мартин Ласарте за нов селектор на својот национален тим. Чилеанската федерација соопшти дека договорот со 59-годишниот Ласарте ќе биде продолжен доколку Чиле обезбеди пласман на Мундијалот 2022 во Катар. Ласарте во својата тренерска кариера претходно водеше неколку јужноамерикански екипи, а беше тренер и на шпанскиот Реал Сосиедад и египетскиот Ал Ахли. На клупата на Чиле доаѓа на местото Реиналдо Реуда, кој во јануари поднесе оставка за да ја преземе репрезентацијата на родната Колумбија. Ласарте ќе дебитира како чилеански селектор на 25 март против Парагвај во мундијалските квалификации. ег/

Остани поврзан