• вторник, 05 ноември 2024

Урнати згради од силен земјотрес во Конго, три дена по ерупцијата на вулканот Нијаранго

Урнати згради од силен земјотрес во Конго, три дена по ерупцијата на вулканот Нијаранго
Гома, 25 мај 2021 (МИА) -  Земјотресот што денеска беше регистриран на границата меѓу Конго и Руанда уништи згради во градот Гома, а се стравува дека повторно ќе дојде до ерупција на блискиот вулкан Нијарангонго, само три дена откако од првата ерупција загинаа десетици лица, а 17 села беа уништени од лавата. Земјотресот бил со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, и бил најсилниот од над 100-те земјотреси регистрирани по ерупцијата на вулканот Нијарагонго, еден од најактивните и најопасните вулкани во светот. „Знаеме дека има поврдени деца затоа што денеска урнатата зграда се наоѓаше на само неколку чекори од канцеларијата на УНИЦЕФ во Гома“, соопшти оваа агенција на ОН. Земјотресот уништи неколку згради во Гома, град со два милиони жители. -Три лица беа извлечени од под урнатините и однесени во болница, изјави сведок, пренесуваат британските медиуми. Земјотресот се случи во 11:03 часот по локално време, со епицентар во Ругерер, во западна Руанда, соопшти Сеизмичката служба на Руанда. -Во Гома вчера беа регистрирани 119 потреси, но нивниот интензитет почна полека да опаѓа, изјави Касерека Махинда, директор на градската вулканска служба. Земјотресите предизвикаа придвижување на тектонски плочи што се обидуваар повторно да се избалансираат по ерупцијата, феномен што веќе беше забележан по ерупциите во 1997 и 2002 година. -Штом пукнатината ја врати својата рамнотежа, треперењето ќе престане, изјави тој за британските медиуми. Во Гома се појавија повеќе пукнатини во земјата, иако продавниците низ градот денеска беа отворени, додека животот се чини дека се враќа во нормала, за оние кои не го изгубиле својот дом. Од  земјотресот се уништени околу 1.000 куќи, а над 5.000 лица се раселени, наведуваат ОН. УНХЦР наведува, повикувајќи се на властите, дека 32 лица се убиени, седум од нив биле убиени од лавата, а петмина се задушиле. Лавата застана на неколку стотици метри пред градот, но попатно проголта 17 села, го прекина напојувањето со електрична енергија и го блокираше главниот пат, привремено прекинувајќи го протокот на хуманитарна помош. сд/

Остани поврзан