• сабота, 21 декември 2024

Урната брана во регионот Доњецк, полавени неколку села

Урната брана во регионот Доњецк, полавени неколку села

Киев, 11 ноември 2024 (МИА) – Руските сили наводно ја разнеле браната Курахивка во окупираниот дел на Доњецката област, предизвикувајќи поплави во околните села на патот кон Бахатир.

Патиштата се се уште проодни, но воведени се ограничувања поради поплавите.

Украинска новинарка и поранешна портпаролка на Володимир Зеленски, Јулија Мендел изјави дека руските сили наводно ја разнеле браната кај Кураков, важен град на патот кон Покровск, предизвикувајќи поплави во околните градови. Овие тврдења се уште не се потврдени ниту од руски ниту од украински извори.

- Кураков е на работ: руските сили ги засилуваат нападите од север, југ и исток, обидувајќи се да го опколат градот и да ги пресечат украинските логистички линии на автопатот Запорожје-Доњецк, напиша таа на Х.

Војната во Украина значително ескалира во последните денови, при што двете страни ги изведоа најинтензивните напади со дронови во текот на викендот од почетокот на конфликтот пред речиси три години. Русија прави бавен, но постепен напредок на фронтот, сè повеќе го стега обрачот околу Покровск, каде што нејзините позиции сега се на само на шест километри од градот.

Во меѓувреме, Русија се обидува да употреби значителни воени сили за да ги истисне украинските војници од западниот регион Курск, потврди украинскиот врховен командант Олександр Сирски. јт/

Фото: Јулија Мендел

Остани поврзан