• петок, 22 ноември 2024

Урбаната интервенција „MOOD Workshop“ поставена во дворот на ОУ „Петар Поп Арсов“ во Скопје

Урбаната интервенција „MOOD Workshop“ поставена во дворот на ОУ „Петар Поп Арсов“ во Скопје
Скопје, 12 ноември 2021 (МИА) - Урбаната интервенција „MOOD Workshop“ од МЕЛЕЕМ Скопје, која што е дел од проектот „Архитектонско Биенале Тбилиси - Што имаме заедничко“ е поставена во дворот на Основното училиште „Петар Поп Арсов“ во Скопје. Проектот, кој претставува соработка помеѓу четири градови, Скопје, Тбилиси, Киев и Берлин, има за цел да истражи што имаме заедничко помеѓу овие градови, но, и што имаме заедничко во јавниот простор. Како што информираат од МЕЛЕЕМ Скопје, во изработката на проектот учествувале студенти по архитектура од Скопје и Тбилиси, по еднонеделна онлајн работилница на која подетално се разработувала темата MOOD, или какви расположенија јавните простори предизвикуваат кај нас. Изработката на оваа дрвена интервенција која што е изработена со помош на параметрички дизајн, за прв пат во нашата земја во јавен простор, траела три недели. Проектот е кофинансиран од програмата на Европска Унија - Креативна Европа и Министерството за култура на Република Северна Македонија.ар/са/

Остани поврзан