• понеделник, 23 декември 2024

Ураганот Фиона продолжува да беснее во централнот дел на Карибите

Ураганот Фиона продолжува да беснее во централнот дел на Карибите
Вашингтон, 20 септември 2022 (МИА) - Ураганот Фиона од синоќа се приближува кон островите Туркс и Каикос, откако бурата донесе обилни дождови во Порторико и Доминиканска Република. Национален центар за урагани соопшти дека Фиона станала голем ураган, а ветерот достигна брзина од 185 километри на час и се очекува да се засили во наредните денови. Според синоптичарите невремето ќе продолжат да предизвикуваат поплави опасни по живот низ Порторико и источниот дел од Доминиканска Република. - Штетата предизвикана на инфраструктурата, урбаните области и резиденциите е катастрофална, изјави вчера гувернерот на Порторико. Тој истакна дека многу од областите се соочија со полоши поплави отколку тие во 2017 година кога ураганот Марија ја опустоши територијата на Островот. Националната гарда спаси повеќе од 900 луѓе од поплавите и од лизгање на земјиштето. Пријавени се најмалку два смртни случаи, а многу луѓе останаа без водоснабдување во Порторико. Властите соопштија дека синоќа напојувањето со електрична енергија било обновено кај повеќе од 114.000 луѓе, откако бурата ја прекинала струјата низ островот. Во Доминиканска Република, невремето предизвика затворање на пристаништата и плажите. Метеоролозите очекуваат бурата в четврток да се приближи до Бермуди како ураган со поголема категорија. кб/ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан