• четврток, 18 јули 2024

УНЦТАД: Во 2020 година забележан е голем пад на странските инвестици во светот

УНЦТАД: Во 2020 година забележан е голем пад на странските инвестици во светот
Њујорк, 25 јануари 2021 (МИА) - Поради пандемијата со Ковид-19 во светот во 2020 година забележан е пад на странските инвестиции од 42 проценти. Сличен пад имало во 90-тите години од минатиот век, се наведува во извештајот на Конференцијата на Обединети нации за трговија и развој (УНЦТАД).

УНЦТАД наведува дека во 2019 година странските инцвестиции достигнале до 1,5 трилиони долари.

Експертите од УНЦТАД прогнозираат дека годинава ситуацијата ќе се подобри, но оти странските инвестиции и понатаму ќе бидат на ниско ниво поради Ковид-19.

Најголем пад од 69 отсто или 229 милијарди долари на директните странски инвестиции е забележан во развиените земји. Странските инвестиции значително се намалени и на ниво на Европа односно забележан е пад од две третини или за четири милијарди долари. ми/

Остани поврзан