• сабота, 16 ноември 2024

УНХЦР: Најмалку 4,4 милиони луѓе во светот се без државјанство

УНХЦР: Најмалку 4,4 милиони луѓе во светот се без државјанство

Женева, 4 ноември 2023 (МИА) – Околу 4,4 милиони луѓе ширум светот немаат државјанство и имаат статус на апатриди, соопштија денеска Обединетите нации.

Лицата без државјанство често се лишени од права и пристап до основни услуги, што ги маргинализира политички и економски и ги прави ранливи на дискриминација и експлоатација, наведе Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР), додавајќи дека овие луѓе не се признаени како граѓани во ниту една земја.

Според УНХЦР значително е поголем бројот на луѓе без државјанство, бидејќи тие не се вклучени во националната статистика.

Се верува дека во 95 земји има најмалку 4,4 милиони луѓе без државјанство или со неодредена националност, се наведува во соопштението на УНХЦР.

Лицата без државјанство се претежно членови на малцински групи, што го зголемува ризикот да бидат цел на дискриминација и маргинализација. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан