• сабота, 21 декември 2024

УНРВА собра повеќе од 115 милиони долари од приватни донации за палестинските бегалци

УНРВА собра повеќе од 115 милиони долари од приватни донации за палестинските бегалци

Женева, 30 април 2024 (МИА) - Шефот на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА), Филипе Лазарини, рече дека организацијата собрала повеќе од 115 милиони долари од приватни донации во изминатите шест месеци. 

Износот значеше многу за организацијата на Обединетите нации бидејќи многу западни земји го прекинаа финансирањето по наводите дека членови на персоналот учествувале во нападот на Хамас на 7 октомври во јужен Израел.

Лазарини ова го изјави по брифингот зад затворени врати со дипломати од земјите-членки на ОН во Женева.

САД, Австрија и Велика Британија не го продолжија финансирањето.

Лазарини додаде дека САД - најголемиот финансиер на УНРВА, „јасно укажале дека замрзнувањето на средствата ќе остане во сила до март 2025 година“, додека Австрија и Велика Британија сè уште не одлучиле. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан