• понеделник, 23 декември 2024

УНРВА: Загрозени над два милиона жители на Газа, се намалува чистата вода

УНРВА: Загрозени над два милиона жители на Газа, се намалува чистата вода

Газа, 14 октомври 2023 (МИА) – Над два милиона жители на Газа се загрозени поради снемувањето чиста вода за пиење вода, предупредија Обединетите нации.

„Чистата вода се намалува откако станицата за вода во Газа и јавните водоводни мрежи престанаа да работат“, соопшти  Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА).

-Луѓето ќе почнат да умираат од тешка дехидрација, меѓу нив и мали деца, постари лица и жени. Луѓето сега се принудени да користат нечиста вода од бунарите, што го зголемува ризикот од болести кои се пренесуваат преку водата. Газа, исто така, е без струја од 11 октомври, што влијае врз водоснабдувањето, изјави Филип Лазарини од УНРВА.

Тој нагласи дека е неопходно во Газа да се транспортира и гориво, бидејќи тоа е единствениот начин луѓето да имаат безбедна вода за пиење. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан