• петок, 22 ноември 2024

Унгарија за претседавањето со ЕУ го избра слоганот „Да ја направиме Европа повторно голема“

Унгарија за претседавањето со ЕУ го избра слоганот „Да ја направиме Европа повторно голема“

Будимпешта, 18 јуни 2024 (МИА) - Унгарија ќе го преземе претседавањето со Европската унија на 1 јули, а ќе ја води под слоганот „Да ја направиме Европа повторно голема“, што е копија на слоганот на Доналд Трамп „Да ја направиме Америка повторно голема“.

Паролата ја откри унгарскиот министер за европски прашања Јанош Бока на прес-конференција во пресрет на почетокот на претседавањето.

На прашање зошто Будимпешта го избрала тој слоган, тој рече дека целта на унгарската Влада е да спроведе „активно претседавање“ со Унијата во втората половина на годината, објави Блумберг. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан