• вторник, 05 ноември 2024

Умре Вилијам Шекспир, првиот маж во светот што ја прими вакцината против коронавирус

Умре Вилијам Шекспир, првиот маж во светот што ја прими вакцината против коронавирус
Лондон, 25 мај 2021 (МИА) -  Британецот Вилијам Шекспир, кој беше првиот маж во светот кој ја прими вакцината против коронавирус, почина од болест неповрзана со Ковид-19, пренесува Би-Би-Си. Шекспир (81) ја прими првата доза на вакцината „Фајзер“ во декември минатата година во болницата во Ковентри. Првата личност во светот што ја прими вакцината беше 91-годишната Британка Маргарет Кинан. Неговата пријателка Џејн Инес изјави дека Шекспор починал минатиот четврток, додавајќи дека „најдобриот начин да му оддадеме почит на Бил е да се вакцинираме“. сд/

Остани поврзан