• сабота, 16 ноември 2024

Уметнички дела во знак на благодарност за здравствените работници на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“- Скопје

Уметнички дела во знак на благодарност за здравствените работници на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“- Скопје

Скопје, 15 јули 2024 (МИА) - Директорот на Агенцијата за иселеништво на Северна Македонија Слободан Близнаковски денеска и подари уметнички дела на Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“- Скопје во знак на, како што се наведува, благодарност за огромната посветеност на здравствените работници на оваа јавна здравствена установа.

Како што информира Агенцијата за иселеништво, Близнаковски му ги предал уметничките дела на директорот на  болницата д-р Небојша Настов. 

Уметничките дела  се насликани од македонски уметници кои живеат и творат надвор од границите на нашата држава. Тоа се дела насликани на последните две ликовни колонии, кои беа во организација на Агенцијата за иселеништво и се оддржаа во Крушево и Охрид.  мд/ац/ 

Фото: Агенција за иселеништво

Остани поврзан