• четврток, 27 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Умеров: Разговорот со САД во Ријад беше продуктивен

Умеров: Разговорот со САД во Ријад беше продуктивен

Ријад, 24 март 2025 (МИА) - Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров изјави вчера во Ријад дека разговорите со американската делегација во Саудиска Арабија биле „продуктивни“ и фокусирани на енергетскиот сектор.

„Разговаравме за клучните прашања, вклучувајќи го и енергетскиот сектор“, додаде Умеров во својот пост на платформата Х.

Министерот за одбрана на Украина ја предводи делегацијата на неговата земја на разговорите, кои се дел од дипломатските напори на американскиот претседател Доналд Трамп да стави крај на тригодишната војна.

Средбата на делегациите на САД и Украина претходи на разговорите меѓу делегациите на САД и Русија, кои се закажани за денеска.

Средбата се одржа по серијата разговори одржани во Саудиска Арабија, прво меѓу САД и Русија, а потоа и меѓу САД и Украина, кога Киев го прифати предлогот за 30-дневно примирје.

Путин се согласи привремено да ги прекине нападите врз украинските енергетски постројки, но одби да одобри целосен 30-дневен прекин на огнот.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан