• петок, 22 ноември 2024

Украинците ги обвинуваат Русите за употреба на гранати забранети со Женевската конвенција

Украинците ги обвинуваат Русите за употреба на гранати забранети со Женевската конвенција
Киев, 30 март 2022 (МИА) – Украинските власти ги обвинија руските сили дека истрелале фосфорни гранати врз градот Маринка во источна Украина. - Русите повторно употребија фосфорни гранати, денеска во Маринка, соопшти на Телеграм началникот на воената управа во Доњецката област Павел Кириљенко. Маринка е град кој имал околу десет илјади жители пред руската инвазија. „Десетина пожари (предизвикани од тие гранати) се локализирани и изгаснати од страна на Државната служба за вонредни состојби“, додаде тој. Оружјето со фосфор е запаливо и неговата употреба против цивили е забранета, но не и против воени цели, според Женевската конвенција од 1980 година. На 25 март, Русија негираше дека го прекршила меѓународното право, откако Украина неколку пати ја обвини дека користела таква муниција за време на нејзината офанзива. јт/

Остани поврзан